Нови повреди во Манчестер Јунајтед, сезоната ќе ја започне без лев бек!?

Екипата на Манчестер Јунајтед со 4-2 го загуби пријателскиот натпревар против Квинс Парк Ренџерс, но резултатот од оваа средба е во втор план по информацијата дека во тимот има уште двајца нови повредени фудбалери. 

Веќе од поодамна се знае дека Маркус Рашфорд поради операција на рамото ќе отсуствува неколку месеци, а последните вести од „Олд Трафорд“ велат дека Оле Гунер Солскјер ќе биде приморан без лев бек да ја започне новата сезона.

Поточно, нема да може да смета на двете опции на оваа позиција, Бразилецот Алекс Телес и Англичанецот Лук Шо. Шо, поради настапите на ЕП и ситната повреда на ребрата доби дополнителен одмор и подоцна ќе им се приклучи на екипата, додека Телес се повреди непосредно пред дуелот со КПР и ќе отсуствува неколку седмици.

Сезоната во Премиер лигата стартува на 14 август, а Јунајтед во првото коло ќе се сретне со Лидс Јунатјед.