Нови моменти од болниот пораз на Јуве: Роналдо неутешно плачеше во соблекувална (ВИДЕО)

Роналдо

Деновиве на социјалните мрежи се појавија први снимки од најавениот документарен филм „Juventus All or Nothing“. Најголемо внимание привлече расправијата меѓу Кристијано Роналдо и Хуан Квадрадо, по тешкиот пораз од Порто во Лигата на шампионите.

>>> ВИДЕО: Жесток судир меѓу Роналдо и Квадрадо по елиминацијата од Порто

Сега се појави и емотивно видео на кое Роналдо плаче и се фаќа за глава, во неверица поради елиминацијата од елитното натпреварување.

Португалецот е познат по своите емотивни реакции, кога се соочува со порази и неуспеси во кариерата, па поради тоа не чудат солзите на неговото лице во оваа ситуација.