• Саше Љолес

Лук Шо дефинитивно нема среќа кога се во прашање повредите и тој повторно извесен период ќе биде надвор од стројот, јавија англиските медиуми.
Левиот бек на Манчестер Јунајтед ја доживеа единаесеттата повреда во последните пет години и никако не може да се врати на посакуваниот колосек. Минатите 12 месеци Шо одигра само шест натпревари за „ѓаволите“, а сега требаше да се врати на теренот во јануари, но и тоа не се случи.
Првичните прогнози се дека ќе мора да паузира најмалку четири недели, што значи дека ќе може да се врати дури на средината на март, кога ќе започне и последната третина од првенството.
Рубен Аморим дефинитивно има проблеми околу левата бековска позиција и ќе мора да ротира со останатите играчи. Следен натпревар за Јунајтед е дуелот со Лестер Сити во ФА-Купот, кој е закажан за седми февруари.