• Иван Димовски

На програмата на стартот на јануари е планиран Африканскиот Куп на нациите. На деветтиот ден од новата година треба да започне континенталниот турнир во Африка, а завршницата е закажана за шести февруари.
Сепак, коронавирусот прави нови проблеми. Челниците на Африканската фудбалска федерација размислуваат за одложување на натпреварувањето, пред сè поради играчите кои би можеле да бидат во проблеми. Имено, дел од премиерлигашите, но и останатите европски гиганти чии фудбалери треба да отпатуваат во Африка ја искажале својата загриженост. Дел од нив пак веќе се и чекор понапред, па планираат да не им дозволат на фудбалерите да играат за своите земји. Сега челниците на ЦАФ размислуваат за ново одложување поради овие проблеми, а одлуката ќе се донесе во наредните денови.
На претходното издание трофејот го крена селекцијата на Алжир, победувајќи го Сенегал со 1-0 во финалето.