• Горан Упале

Македонскиот прволигаш Беса направи нови промени во својот играчки кадар. Еден голман си замина, пристигна друг.
Дебитантот во елитниот македонски фудбал го испрати Ресул Рамадани на позајмица во Велазерими до крајот на сезоната, а меѓу стативите се засили со младиот Александар Анѓелковски.
22-годишниот некогашен младински репрезентативец на Македонија во последната сезона и половина играше за Тетекс, а претходно ги носеше дресовите на Арсими, Гостивар и Ренова.
Беса забележа резултати под очекувањата во првиот дел од сезоната и поради тоа зимава беше многу активна на трансфер пазарот. Доведе нов тренер и неколку квалитетни засилување. Горазд Михајлов своето официјално деби на клупата на тимот од Добри Дол ќе го има следниот викенд против Воска Спорт на гости.