ВИДЕО: Нови хулигански испади во Франција, одложен стартот на мечот Сент-Етјен – Анжер

Фудбалската Франција се соочува со сериозни проблеми со хулиганите оваа сезона, откако вечерва одново еден натпревар е под знак прашалник дали ќе го дочека својот почеток.

Имено, екипите на Сент-Етјен и Анжер од 21:00 часот требаше да ги одмерат силите во првиот натпревар од 11. коло на Лига 1, ама фановите на домашната екипа со факли го „запалија“ стадионот и недозволија фудбалерите нормалндо да се подготвуваат за претстојната борба. 

Делегатот на натпреварот веднаш го одложи стартот на натпреварот и фудбалерите се вратија во соблекувалните. Засега нема информација дали воопшто натпреварот ќе биде одигран вечерва.