Нови два гола за Тричковски, овој пат го реши Горник

И покрај проблемите со повредата и подолгата пауза, нашиот репрезентативец Иван Тричковски во голема форма се врати во дресот на АЕК Ларнака.

Искусниот голгетер попладнево беше предводник на својот тим во победата над полскиот тим Горник од 2-1, откако беше творец на двата гола. Првиот го постигна во 26. минута, додека вториот во самиот финиш од првиот дел. 

Новиот капитен на АЕК ја продолжува голгетерската форма ова лето, откако постигна два погодока и на натпреварот против Лех Позњан. Против Горник од првата минута настапи и вториот македонски интернационалец, Даниел Мојсов.