• Горан Упале
Екипата на Македонија ЃП е на само деведесет минути до одбрана на трофејот во Купот на Македонија. Ако во шампионатот потфрлија и завршија на седмата позиција на табелата, „лавовите“ одново одиграа квалитетно во Купот и втора година по ред ќе бидат дел од големото финале.
Oвој пат за противник ќе ја имаат Струга Трим Љум, екипата која што зад себе остави историска сезона и за првпат стана шампион на Македонија. По тој повод раководството на Македонија ЃП подготви специјални дресови со кои фудбалерите ќе бркаат нов голем успех и одбрана на титулата во Националниот Куп.
„Нови дресови, за нови победи“, напишаа од клубот со фотофрафија од неколку фудбалери со новите дресови.
Куп-финалето меѓу Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров ќе се одигра на 20 мај на терените во „Куќата на фудбалот“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје.