• Иван Димовски
Иран би можел да биде суспендиран од Светското првенство 2026 поради растечките геополитички тензии со САД, една од земјите-домаќини на турнирот. Иако репрезентацијата се пласираше уште во март, последните воени активности и можноста за конфликт ги ставаат под знак прашалник шансите да настапат.
ФИФА веќе има сличен преседан, Русија беше исфрлена поради војната во Украина, а истото ѝ се случи и на Југославија во 90-тите.
Доколку Иран сепак настапи, речиси сигурно е дека нема да може да смета на своите навивачи, бидејќи и натаму важи забраната за влез во САД. Единствено изводливо сценарио е сите мечеви да ги играат во Мексико, но во случај на пласман во елиминациската фаза неизбежно би морале да се селат на американско тло.
Во меѓувреме, напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, остана заглавен во Техеран и нема дозвола да се приклучи на својот тим на Клупското СП во САД. Се чека официјален став од ФИФА и од американскиот претседател Доналд Трамп.
