ФОТО: Новата трибина на „Чаир“ го добива финалниот изглед

Новата трибина на стадионот „Чаир“ која се гради во соработка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Општина Чаир полека, но сигурно, го добива својот конечен изглед.

<<< ПОВРЗАНО - Започна реконструкцијата на „Чаир“: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион

На новата трибина се работи од месец јуни, а претседателот на Шкупи, Омер Буњаку и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, ја пратат конструкцијата. Се оди според планот, а се очекува истата да биде готова во најбрз можен рок.

Навивачите на Шкупи конечно ќе може да имаат две трибини, а стадионот се очекува да биде меѓу најдобрите во земјата.