• Горан Упале

Екипата на Јанг Бојс не го издржа германскиот налет и со пораз ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Од Швајцарија со голема победа и три бода се враќа тимот на РБ Лајпциг, кој со головите на Симакам, Шлагер и Шеко славеше со 1-3 (1-1).
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот во Берн започна со голем удар за домашниот тим и фановите на трибините. Првиот гол во новата сезона во Лигата на шампионите го постигна РБ Лајпциг, а автор на истиот беше Мохамед Симакам. 23-годишниот Французин одлично реагираше по центаршуот на Раум и со глава ја смести топката во посакуваната цел за 0-1 за германскиот тим.
И по водствтото РБ Лајпциг беше тој кој што доминираше на терен и беше поблиску до нов погодок, но откако не ги искористи шансите, на спротивната страна пристигна казната. Во 34. минута по одлична тимска акција Елиа со прекрасен волеј го совлада Блашвич и донесе израмнување од 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
Стартот на вториот дел донесе големо возбудување пред голот на домаќините. Чави Симонс падна во казнениот простор на Јанг Бојс и бараше најстрога казна, но главниот судија Јорџи по ВАР-прегледите констатираше дека нема услов за пенал и досуди топка за домаќините.
Гостинскиот стратег Росе прв повлече потег и во 64. минута во игра во внесе словенечкиот ас Шешко, кој веднаш се најде во шанса и постигна гол, но поради офсајд беше поништен. Сепак, иницијативата на германскиот тим вроди со плод во 74. минута, кога Ксавиер Шлагер распали со лева нова и погоди за ново водство на „биковите“.
Финишот на натпреварот им припадна на домашните фудбалери, кои имаа иницијатива и притискаа по ново израмнување, но РБ Лајпциг успешно се справи со тоа и заслужено стигна до првата овосезонака победа во Лигата на шампионите. Пред самиот крај на натпреварот домашната мрежа се затресе уште еднаш, откако Шешко рутински реализираше и со 20 години стана најмладиот стрелец во историјата на Лајпциг во Лигата на шампионите.
Попладнево се одигра уште еден натпревар од првото коло во Лигата на шампионите, на кој Милан и Њукасл ремизираа без голови (0-0).