Новата „седумка“ на Реал: Многумина сметаат дека не го заслужувам бројот, но...

Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Маријано Диаз, изјави дека не чувствува притисок да игра со дресот со број седум, кој цели осум години беше синоним за  Кристијано Роналдо.

„Се разбира дека тоа е многу посебен број. Но, кога јас потпишав, тој дрес беше слободен и мило ми е што ќе го носам јас. Многу луѓе рекоа дека не го заслужувам тој број, но јас не ги слушам другите и мое е да зборувам на теренот. Среќен сум, бидејќи пред мене тој број го носеа Раул, Бутрагењо, Кристијано... Мое е напорно да работам, а со тоа да успеам да ја стекнам довербата на тренерот", изјави Диаз.

25-годишниот Диаз практично се врати во тимот на Реал Мадрид, пред се поради добрите игри во Лион, каде на 35 натпревари постигна 18 гола.