ВИДЕО: Новајлијата Клермон го шокира Бордо, реми исходи за Сент Етјен и Ница

Фудбалерите на Клермон успеаја на својот прв натпревар во Лига 1 да дојдат до цел плен, откако победија на „Матмут Атлантик“ кај Бордо со 0-2 (0-0). Новајлијата во француската елита со два доцни погодоци на Бајо и Досу приредија своевидна сензација и го „зацрнија“ дебито на Владимир Петковиќ на клупата на „жирондинците“.

  • Бордо - Клермон 0-2:

Иако важеа за аутсајдер, гостите уште од стартот беа подобар ривал и целосно го надиграа поискусниот Бордо. Во првиот дел се обидуваа Самед, Алевинах, Досу и Бајо, но не успеваа да погодат. Ниту во продолжението не реализираше Ожие и втор пат Бајо, а за Бордо се закани Калу. Течеше 82. минута кога Рашани го проигра Мохамед Бајо, кој го отвори резултатот (0-1). Кога сите очекуваа притисок на домаќинот, во самата завршница Јодел Досу реализираше за конечните 0-2 во 92. минута. 

Екипата на Ница не успеа да победи на својата „Алијанц Ривиера“ и одигра само 0-0 против Реимс. Гостите во Ница одиграа цврсто во дефанзива и успеаја да го задржат ривалот без постигнат гол.

Реми одигра и Сент Етјен, кој слично како Ница, не ја оправда фаворитската улога. На патот им застана Лориент, во натпревар кој заврши 1-1 (0-0). Резултатот го отвори Ле Гоф, за изненадувачка гостинска предност во 52. минута. Сепак, егал и бод за Сент Етјен донесе Кхазри од белата точка.

Во овој термин се одигра и дуелот на Стразбур и Анже, кој заврши со победа на гостинот од 0-2.

Состави

David Guion

4-4-2

    Pascal Gastien

    4-2-3-1