ВИДЕО: Новајлиите потфрлија, но Ливерпул во Виган го промовира 16-годишниот феномен Вудбурн

По победата над Транмере со 0-1, фудбалерите на Ливерпул на Јирген Клоп ја забележаа и втората победа во подготвителниот период. Финалистот на Лига Европа славеше на теренот на второлигашот Виган со 0-2 (0-0), слично како вчера Манчестер Јунајтед со два гола во вториот дел.

Заради два силни теста во два дена, стручниот штаб на Виган се одлучи за комплетно различен тим за разлика од вчерашниот, па во првиот дел Ливерпул не создаде многу зрели шанси за гол. 

Сепак во продолжението со головите на Дени Ингс во 71. минута и на 16-годишниот Бен Вудбурн три минути подоцна, премиерлигашот го скрши отпорот на Виган и стигна до победа од 0-2. За „црвените“ дебитираше Мане, а не одушевија ниту Кариус на голот, ниту Матип. Во вториот дел шанса доби и Марковиќ.