Новаци тргна во подготовки и се поднови со тинејџер од Беласица

Македонскиот второлигаш Новаци се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната. Во тимот пристигна младиот Стефан Секирски, кој ја покрива левата бековска позиција. 

Седумнаесетгодишниот фудбалер беше член на Беласица од Струмица, а кариерата ја започна во матичниот Пелистер. 

Новаци ја заврши есенската полусезона на шестото место на табелата со вкупно 27 бодови. Амбициите на екипата се јасни - вмешување во битката за погорните позиции. Екипата веќе ги започна зимските подготовки и работи со полна пареа пред продолжението на сезоната. 

Управата најави и нови засилувања за тимот, кои се очекуваат во наредните денови. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.