Новаци продолжи со засилувањата, пристигна уште еден играч од Пелистер

Екипата на Новаци промовира уште едно засилување за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. 

Нов член на клубот е Стефан Ивановски. Станува збор за 22-годишен десен бек кој доаѓа во редовите на Новаци од локалниот Пелистер. Ивановски е дете на Пелистер и беше член на битолскиот тим од 2017 година, а веќе зад себе има и прволигашко искуство. 

Новаци гради тим со високи амбиции за новата сезона и во претходниот период промовира доста засилувања. 

Пред Ивановски во редовите на Новаци пристигнаа Јусуф Каба, Никола Талески, Мартин Димоски, Стефан Спировски, Андреј Сиљаноски, Кирил Стојков и Петар Гугуљанов. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.