Новаци потпиша со уште еден младинец

Фудбалскиот клуб Новаци продолжува со серијата засилувања пред продолжението на сезоната. Денеска официјално беше потврдено дека тимот се засили со младиот Лука Лисолајски, кој се приклучува како ново засилување во редовите на клубот.

Лисолајски доаѓа со богато искуство од младинските категории и веќе има настапувано во кадетската екипа на Пелистер, што му дава солидна основа за настапи на повисоко натпреварувачко ниво.

Со ова засилување, Новаци ја дополнува својата млада и амбициозна екипа, со цел подобра конкуренција и борба за повисоки позиции во продолжението на сезоната.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.