• Иван Димовски

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија му додели службена победа на Новаци против Македонија Ѓорче Петров (3-0).
Пресметката во Новаци заврши без погодоци (0-0), а „лавовите“ направиле превид и го прекршиле правилото за младинец. Се работи за измена на младиот Скавков, на чие место влезе Вецески кој повеќе нема статус на младинец.
Според членот 99 и член 206 од Пропозициите за ВМФЛ, Македонија Ѓорче Петров службено го загуби натпреварот. Официјалниот резултат е регистриран 3-0 за домашната екипа Новаци.
Македонија Ѓорче Петров го загуби освоениот бод, па сега падна на четвртото место и е израмнета со десет со Детонит Плачковица, зад Брегалница, Арсими и Кожуф. Од друга страна Новаци доби плус два и има девет на седмата позиција.