Новаци губеше на полувреме, но на крај победи албански ривал

Екипата на Новаци продолжи со пријателските натпревари и забележа победа против ривал од Албанија.

Второлигашот се соочи со Орику од Албанија, второлигаш во западниот сосед, а натпреварот на стадионот во Новаци заврши со резултат 2-1, на паузата беше 0-1.

Ривалот дојде до позитива во првиот дел по грешка на одбраната. Во второто полувреме Новаци запиша триумф благодарение на головите на Талевски и Стојановски.