ВИДЕО: Нов спектакуларен гол од слободен во Големо Коњари, но трите бода заминаа за Новаци

Екипата на Новаци игра за опстанок во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и забележа важен триумф во последниот меч од 25. коло. 

Тимот на гостински терен победи кај веќе испаднатиот Големо Коњари со резултат 2-1. На паузата тимот имаше предност од 1-0. Сепак, главниот момент на натпреварот се случив со самиот финиш кога домаќинот постигна спектакуларен погодок од слободен удар.

Новаци е на првата безбедна позиција за опстанок во Втората лига со 43 бода. Најблискиот следбеник кој е во зоната за баражот за опстанок, Кожуф, има 36 бода.