Нова „жртва“ по рестартот на Примера: Селадес доби отказ од Валенсија

Во периодот кога најголеми критики трпи тренерот на Барселона, Кике Сетиен, заради лошите резултати во последниот период, друг тренер е нова „жртва“ по рестартот на Примера.

Како што тврдат шпанските медиуми екипата на Валенсија сезоната ќе ја доврши со нов предводник, затоа што отказно решение доби Алберт Селадес. 

„Лилјаците“ иако имаа одличен старт и во Примера и во Лигата на шампионите, во последните неколку кола играа далеку под своите можности, што беше пресудно за челните лица на клубот да му ја покажат вратата на младиот стратег. 

Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид своевремено беше и на чело на јуниорските селекции на Шпанија и беше помошник тренер во Реал Мадрид, а минатата година ја доби својата прва независна работа и застана на чело на Валенсија.

Валенсија на последните пет натпревари во Примера запиша една победа, едно реми и три порази и практично ги загуби шансите за местата кои идната сезона водат во Лигата на шампионите (осмо место на табелата). 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.