Нова ВАР функција за првпат на ЕП – „ЕКГ“ го поништи голот на Лукаку 

На натпреварот помеѓу Белгија и Словачка имавме можност да се запознаеме со новата технологија, која се применува на Европското првенство во Германија. Таа му помогна на судијата Халил Умут Мелер да досуди игра со рака на Луис Опенда при вториот поништен гол на Ромелу Лукаку.

Допирот на Опенда на топката беше проверен со помош на новата опција на ВАР. Топката на „Адидас“ има детектор на допир внатре и е поврзана со уред кој го следи секој допир.

Податоците се печатат како линија, слично на ЕКГ, и се испечатени на екранот. Во моментот на контакт на раката на Опенда со топката, линијата престанува да биде права. Оваа технологија е воведена токму за полесно да се проценат малите допири кои тешко се забележуваат со голо-око.

Инаку, на оваа средба Словачка приреди изненадување и славеше со минимални 1-0.

Состави

Доменико Тедеско

4-2-3-1

    Франческо Калцона

    4-3-3