Нова смена во Велес: Николоски повеќе не е тренер на Борец?

Екипата на Борец од Велес ќе добие нов тренер, затоа што актуелниот предводник Јане Николоски наводно, се разделил со прволигашот.

По неколку кола без победа, на големо се говори дека двете страни спогодбено го раскинале договорот. Доколку вестите се потврдат, ова ќе биде втора тренерска смена во Велес, откако претходно тимот го водеше Борче Христов, но дојде до разделба.

47-годишниот Николоски пред да пристигне во Борец, во кариерата ги водеше Арис Лимасол, Хоризонт Турново, Дрита, Победа и Слога Виница.

Борец е во долниот дел на табелата и се бори за опстанок, а следен дуел е на домашен терен со Македонија ЃП.