ВИДЕО: Нова рутина за Баерн, Волфсбург немоќен на „Алијанц Арена“

Баерн Минхен одигра според планот и го доби вториот дуел во новата сезона на Бундеслигата. Машинеријата од Баварија се промовира пред својата публика на „Алијанц Арена“ со победа од 2-0 (2-0) над Волфсбург, извојувана рутински и практично за едно полувреме. 

  • Баерн Минхен - Волфсбург 2-0:

Првата закана во Минхен ја имаше Бенџамин Павар кој по корнер со глава биеше малку над пречката. Бргу потоа Садио Мане постигна погодок со добар удар, меѓутоа на голот му претходеше офсајд. Првиот половина час се одигра во знакот на баварците, а Волфсбург имаше среќа што сè уште е почениот резултат. 

Течеше 33. минута од дуелот кога Џамал Мусиала го отвори резултатот. Младиот офанзивец на Баерн со одличен шут од шеснаесетникот го матира противничкиот голман за 1-0. Баварците не отстапија од офанзивата, закани имаа Павар и одново Мусиала, но Волфсбург се спаси. Пред крајот на полувремето, Кимих биеше по противничкиот гол, а на патот кон него Томас Милер го смени правецот и зголеми на 2-0 во 44. минута. 

Второто полувреме понуди понизок интензитет, Баерн имаше целосна контрола врз играта и натпреварот. Прв по паузата се закани Кимих, чиј удар го спречи голманот Кастелс, а потоа Милер биеше крај голот. Мрежата на Волфсбург ја тресеше Садио Мане повторно, ама пак погодокот не важеше поради нова офсајд позиција. На крајот Баерн славеше со резултатот поставен уште во првиот дел од средбата. 

  • Мајнц 05 - Унион Берлин 0-0: 

Попладнево без голови заврши натпреварот меѓу Мајнц 05 и Унион Берлин.

Состави

Јулијан Нагелсман

4-4-2

    Нико Ковач

    4-5-1