ВИДЕО: Нова рутина на Баерн, Кејн и Диаз го водеа до Куп-финале

Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во финалето на Купот на Германија, откако славеа на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0-2.

Тимот на Винсент Компани уште од стартот покажа дека оди по победа, а водството пристигна во 22 минута кога Хари Кејн ја продолжи својата неверојатна сезона по асистенција на Џамал Мусиала. Баварците доминираа и создаваа шанси, но не успеаја порано да го решат прашањето на победникот.

Во финишот Компани направи неколку замени, го освежи тимот и ја зацврсти одбраната, а конечниот резултат го постави Луис Диаз во судиското продолжение.

Баерн рутински ја зачува предноста и обезбеди финале, каде ќе игра против победникот од дуелот меѓу Штутгарт и Фрајбург.