• Саше Љолес
Аргентинецот Алехандро Гарначо заработил повреда на коленото и нема да биде на располагање за претстојните мечеви на „гаучосите“ во квалификациите за Светското првенство.
Актуелниот планетарен владетел ќе се соочи со Венецуела и Боливија, но селекторот Лионел Скалони нема да го има Гарначо во составот. Се претпоставува дека ќе мора да паузира околу три недели, по што ќе се врати на тренинзите во Манчестер Јунајтед.
Сезонава 20-годишниот Гарначо веќе имаше проблем со повредите и досега настапи на само три натпревари за „ѓаволите“. Во првиот тим на Јунајтед беше прекомандуван во 2022 година и важи за еден од најдобрите млади играчи во англискиот гигант.