• Зоран Мишевски
Ноќва беа одиграни последните два натпревари од групната фаза на Голд Купот, натпреварување на Средна и Северна Америка. Мексико ја оправда улогата на фаворит и ја совлада селекцијата на Курасао со 2-0 (1-0) со головите на Сепулведа и Алварез.
Јамајка и Ел Салвадор играа без победник, 1-1 (0-1), а погодија Матокс од пенал на „реге-момците“ и Нелсон Бониља за Ел Салвадор.
Во четвртфиналето ќе се сретнат: Костарика - Панана, Хондурас - Мексико, Ел Салвадор - САД, Канада - Јамајка.