ВИДЕО: Нова магија на „јапонскиот Меси“ на тренингот на Реал

Кубо

Јапонецот Такефуса Кубо покажува одлични квалитети на подготовките на Реал Мадрид во Монтреал.

Младиот офанзивец, кого го споредуваат со Меси, одново блесна на тренингот на „кралевите“ и со еден потег ги освои срцата на фудбалските фанови.

Сите се прашуваат дали Кубо ќе добие шанса од Зинедин Зидан во првата екипа. Засега останува одлуката тој да настапува во вториот тим на мадриѓани.