ВИДЕО: Нова луда завршница на „Олд Трафорд“, Бруно во 92. минута донесе победа за Јунајтед!

Манчестер Јунајтед одново одигра трилер-натпревар на „Олд Трафорд“ и повторно победи со погодок во судиското надополнување. На средбата со Глазгов Ренџерс домаќините славеа со минимални 2-1, со гол на капитенот Бруно Фернандеш во самата завршница. 

  • Извештај од натпреварот:

Рубен Аморим и на овој натпревар направи промени во стартниот состав. Амад Диало одново играше како винг-бек, Колиер и Ериксен добија шанса пред Мајно и Угарте, а Зиркзе пред Холјунд. Формацијата повторно беше „3-4-3“, но „ѓаволите“ и на овој натпревар имаа многу проблеми кога требаше да се бранат од налетите на противникот. Турскиот голман Бајиндир имаше многу работа во првото полувреме, Ренџерс не искористи неколку сериозни шанси за погодок, а единственото големо возбудување пред голот на Батланд се случи во 23. минута, кога Матијс де Лихт ја затресе мрежата со глава, но ВАР го поништи голот поради прекршок на Јоро. 

Така на полувреме се замина со почетниот резултат, а само што започна вториот дел Јунајтед поведе со 1-0. По еден корнер на Кристијан Ериксен искусниот голман на Ренџерс направи голема грешка и боксувајќи ја смести топката во сопствениот гол (1-0). Во продолжение двете екипи имаа свои моменти и шанси, а најголемата ја испушти резервистот Десерс, кој во 84. минута од чиста позиција ја погоди стативата од голот на Јунајтед. 

Но, искусниот напаѓач од Нигерија не погреши од вториот обид, откако ја искористи грешната проценка на Хари Мегваер и со мајсторски погодок го совлада Бајиндир за израмнување на 1-1. Сепак, четата на Рубен Аморим и на овој натпревар покажа невиден карактер и менталитет и повторно во судиското надополнување стигна до нова победа. Автор на конечниот резултат на „Театарот на соништата“ беше Бруно Фернандеш, кој постигна прекрасен погодок по асистенцијата на Лисандро Мартинез.

Со оваа победа англискиот гигант конечно се искачи во зоната за осминафинале, но за до остане таму ќе треба да слави во последното коло против ФЦСБ во Романија. Ренџерс, пак, е сигурен на местата кои водат во плеј-офот. 

Состави

Рубен Аморим

3-4-3

    Филип Клеман

    4-4-2