• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Филип Антовски кариерата ќе ја продолжи во албанската Суперлига, откако официјално потпиша за Елбасани во самиот финиш од преодниот рок.
Дваесет и петгодишниот лев бек ја заврши соработката со Брера Струмица и се одлучи за нов предизвик во албанскиот шампионат, каде што ќе го носи дресот на Елбасани.
Антовски се очекува да ја засили конкуренцијата на левата страна од одбраната и да му понуди дополнителни опции на стручниот штаб во дефанзивната линија.
Македонскиот интернационалец е производ на школата на Вардар, каде што ги направи и првите професионални чекори. Во својата кариера настапуваше и за Динамо Загреб, Австрија Виена, Истра и Карвинa.

