ВИДЕО: Нов гол на Пандев – мајсторски ја стопира топката, па ја „заби“ во голот на Удинезе

Горан Пандев во голем стил им се врати на настапите на својата Џенова, откако уште во раната фаза го отвори натпреварот против Удинезе.

Македонскиот репрезентативен капитен, поради ситна повреда го пропушти претходниот дуел на Џенова, но тоа не беше проблем вечерва повторно да ги покаже своите голгетерски способности и ја мајсторски начин да ја стресе мрежата на гостите од Удине.

  • Голот на Пандев против Удинезе:

Илија Несторовски не се најде во стартниот тим на Готи и остана на клупата за резерви кај Удинезе.