Нова ера во фудбалот: Исклучен играч по преглед на видео снимка (ВИДЕО)

На натпреварот одигран на „Амстердам арена“ помеѓу Ајакс и Вилем 2 се случи историски момент, односно прво исклучување на фудбалер на основ на преглед на ТВ снимка. Прв фудбалер, кој е исклучен не директно од судијата, туку по сугестија на судија кој ги следи ТВ снимките, е Ануар Кали од Вилем 2.

Главниот судија на мечот Дани Макелиј на Кали му покажа жолт картон, но по само неколку секунди ја промени одлука и го исклучи играчот на Вилем 2. Човекот, кој ја донесе одлуката за исклучување е Пол ван Бокел, кој седи во затворена просторија и детално ги прегледува снимките.