Нова ера во Англија: ВАР-технологијата влегува оваа сезона во ПЛ

Англичаните потврдија дека во новата сезона од англиската Премиер лига ќе биде имплементирана и ВАР-технологијата која полека, но сигурно, се шири низ целиот светски фудбал.

Технологијата е веќе тестирана и е поставена на сите стадиони, па така, од Островот сметаат дека нема да има контроверзии во натпреварите. Сите се свесни дека ќе има некои одлуки за кои ќе има поделено мислење и двоумења, меѓутоа, се смета дека ВАР ќе биде од голема корист за англискиот фудбал.

ВАР-технологијата веќе се користи во најквалитетните фудбалски лиги во Европа, а исто така истата беше дел и од Светското првенство и Лигата на шампионите.