ВИДЕО: Нова епизода од крвничките дуели на Рамос и Коста, овојпат ниту еден не заврши со црвен картон

Рамос и Коста наслова
Gol.mk на Супер Куп 2018

Се очекуваше дека вчерашниот Суперкуп на Европа во Талин ќе донесе голема битка помеѓу старите познаници, Серхио Рамос и Диего Коста.

Нивните дуели се добро познати на фудбалските фанови, кои беа „наградени“ со серија груби стартови, неспортски потези и провокации од страна на двата играчи. Често се забележуваа нивни кратки разговори и размена на насмевки, што можеби го омекнаа главниот судија да не им додели построга казна, односно исклучување.

Првиот удар го зададе дефанзивецот на Реал Мадрид, кој со лакт удри по главата на противничкиот напаѓач.

Неколку минути подоцна, Коста му возврати на својот репрезентативен соиграч со „ненамерно“ удирање во неговата глава.

На крај, ако го гледаме конечниот резултат, директниот дуел го доби фудбалерот на Атлетико Мадрид