Нова драма на ОИ: Украина со црвен картон и гол во 98. минута слави со Мароко! (ВИДЕО)

Нова неверојатна драма се случи на Олимписките игри, а одново во главна улога беше селекцијата на Мароко. Ако во првиот случај имаше среќен крај за африканската селекција, овојпат Украина со гол во 99. минута дојде до триумф од 2-1 и покрај тоа што имаше човек помалку. 

Резултатот беше отворен по 22 минути игра, а тогаш Крискив донесе водство за украинската олимписка репрезентација (1-0). Овој резултат беше актуелен на полувремето и на стартот на второто. Во 63. минута Украина остана со десетмина на теренот, откако Салиук доби директен црвен картон и направи пенал. 

Овој момент го искористија Мароканците, па од белата точка сигурен беше Рахими. Имаа африканските фудбалери повеќе шанси, доминираа и притискаа за пресврт, меѓутоа налетаа на расположен дефанзивен бедем. Украина го издржа налетот и на крајот собра сили во долгото судиско продолжение да дојде до победата. Федор доби топка низ одбраната, а наместо да шутира се реши да проигра на петерецот до осамениот Игор Краснопир кој во 98. минута стрела за триумф и огромно украинско славје (2-1). 

Во овој термин се одигра и натпреварот од групата Ц во кој Египет славеше минимално против Узбекистан (0-1).