Нова донација на ФФМ: „Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот“

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, ја потврди и втората донација од столчиња која ќе заврши на неколку игралишта ширум државата.

Тој на социјалните мрежи објави дека втората донација брои околу 9000 столчиња, кои ќе бидат поставени на терените во Кисела Вода, Велес, Гостивар, Радовиш, Гевгелија, Гази Баба...

„Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Продолжуваме со реализација на втората фаза од донацијата, со уште близу 9.000 столчиња. На крајот од процесот, нашата донација ќе надмине повеќе од 30.000 столчиња за стадионите и терените во општините што аплицираа до ФФМ. За секој клуб. Фудбалот заслужува“, стои во објавата на Омерагиќ.

Во првата фаза ФФМ домираше 8.270 столчиња за стадионите и терените низ Македонија.