• Иван Димовски

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претрпеа нов срамен пораз, овојпат од екипата на Брајтон (1-3) на својот „Олд Трафорд“. Пресметката од 22. коло на Премиер лигата им припадна на „галебите“ кои триумфално минаа низ Манчестер. Со оваа победа Брајтон скокна на деветтото место, додека Јунајтед остана тринаесетти.
- Манчестер Јунајтед - Брајтон 1-3:
Резултатот беше отворен преку Минтех по пет минути игра по асистенција на Митома (0-1). Успеаја „црвените ѓаволи“ да се вратат до егал со погодокот на Бруно Фернандеш, кој од белата точка израмни на 1-1 во 23. минута. Во вториот дел Брајтон влезе фуриозно, отвори со поништен гол на Жоао Педро, а потоа по еден час игра Каори Митома ја врати позитивата (1-2). Течеше 76. минута кога Рутер ги постави конечните 1-3 за гостинската екипа.
Пораз претрпе и Тотенхем на гостувањето на „Гудисон Парк“ кај Евертон со идентичен резултат (3-1). „Карамелите“ стигнаа до предност преку Калверт Луин, а Ндијае по половина час удвои на 2-0. Во седмата дополнителна минута на првиот дел Греј си даде автогол за водство на домаќинот од 3-0. Во второто полувреме „петлите“ успеаја да се вратат, меѓутоа беше доцна. Дејан Кулушевски намали на 3-1 во 76. минута, а во судиското продолжение гол даде и Ричарлисон.
Одличната форма ја продолжи Нотингем Форест победувајќи го Саутемптон со 3-2. Натпреварот на „Сити Граунд“ понуди три гола за домашниот тим во првиот дел преку Андерсон, Хадсон-Одои и Вуд, додека во продолжението Беднарек и Онуачу стрелаа за гостите.
- Нотингем Форест - Саутемптон 3-2:
Премиерлигашките возбудувања за оваа рунда продолжуваат и в понеделник.