ВИДЕО: Нова „90-ка“ за Нестор во калчото, пораз на шампионот во Монца

Фудбалерите на Наполи веќе се опуштија по освојувањето на „скудетото“, па загубија на гостувањето кај Монца (2-0). Средбата од 35. коло во Серија А на „Бриантео“ понуди по еден погодок во двете полувремиња, за на крајот да се радува домаќинот. 

  • Монца - Наполи 2-0: 

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер и одигра 62. минути, па потоа беше заменет со Политано. Околу средбата, Монца дојде до предност преку Дани Мота по 18. минути игра, откако Песина му асистира на крилото. „Партенопеите“ беа подобри на теренот, повеќе ја имаа топката, ама не ги искористија шансите, па стигна казната. Со голот на Андреа Петања на стартот на вториот дел, Монца ја удвои позитивата и го потврди триумфот над новиот првак. 

Нов старт во калчото и 90 минути на теренот забележа Илија Несторовски. Прилепчанецот го искористи отсуството на напаѓачите, па петти пат беше стартер и одигра цел меч за Удинезе, за жал неговиот тим загуби од Фиорентина (2-0). Популарната „виола“ имаше сè во свои раце, па со погодоците на Кастровили во седмата и Бонавентура во 90. дојдоа до нови три бода. 

  • Фиорентина - Удинезе 2-0: 

Екипите немаа резултатски претензии, бидејќи се наоѓаат на средината на табелата. 

Состави

Рафаеле Паладино

3-4-2-1

    Walter Mazzarri

    4-3-3