ВИДЕО: Нов Зеланд, Украина и Уругвај во осминафиналето на младинскиот Мундијал

Репрезентациите на Нов Зеланд и на Уругвај забележаа победи и во вторите натпревари во групната фаза на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Полска. Така, нивниот последен натпревар најверојатно ќе одлучи која селекција ќе го освои првото место во групата во пресрет на осминафиналето.

Нов Зеланд ја совлада Норвешка со 2-0 со головите на Стеснес и Китолано, а со истиот резултат Уругвајците го надиграа Хондурас. Головите ги постигнаа Асеведо и Скиапакасе.

Себастијан Сото ги постигна двата гола во победата на националниот тим на Соединетите Американски Држави против Нигерија (2-0). Во вториот натпревар од второто коло на групата Д, Украина со голот на Денис Попов ја совлада репрезентација на Катар со 1-0 за втора радост на Мундијалот. 

  • Катар - Украина 0-1: 

  • Уругвај - Хондурас 2-0: 

Утре попладне се игра дуелот на Португалија и Аргентина, два фаворити за освојување на светската круна.