• Саше Љолес
Протестите против клубот РБ Лајпциг продолжуваат низ Германија и добиваат нови размери. Навивачите на Борусија Менхенгладбах, повикаа на еден поинаков вид бојкот на клубот кон кој одамна имаат голема омраза.
На гостувањето во Лајпциг, фановите на Борусија нема да потрошат ниту едно евро на храна и пијалоци, со што ќе „спречат“ заработка за домашниот клуб. Од таборот на најверните навивачи велат дека мораат да купат влезница за да го поддржат својот тим, но нема да трошат пари за ништо додека се на трибините.
Наместо тоа, фановите на Борусија ќе се соберат во специјална фан-зона во градот, каде ќе посетат неколку локални барови и ресторани.
Натпреварот помеѓу РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах се игра во рамки на 29. бундеслигашко коло.



