Нов ужас за „ѓаволите“: Тотенхем по 105 дена победи во Лондон (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара навивачите и загуби од Тотенхем (0-1) во дербито на денот во англиската Премиер лига, ама на екипите од долниот дел на табелата во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

„Петлите“ на домашен терен беа во криза, немаа победа дури 105 дена во Премиер лигата, но успеаја да го победат Манчестер Јунајтед кој никако да фати крај со крај и да почне да врзува добри резултати во англиската елита.

И двете екипи имаа многу шанси во Северен Лондон, ама победникот го одлучи еден гол. Трите бода пред својата публика, Тотенхем ги освои благодарение на Џејмс Медисон, кој во листата на стрелците се запиша во 13. минута. До овој дуел, екипата на Постекоглу имаше пет порази и две нерешени во низа пред својата публика, последниот триумф беше потив Астон Вила во ноември.

Со трите бода против Манчестер Јунајтед, Тотенхем скокна на 12-тото место во Премиер лигата, а „ѓаволите“, пак, паднаа на 15-тата позиција. Во следното коло Тотенхем гостува кај Ипсвич, додека Јунајтед патува кај Евертон.

Состави

Анге Постекоглу

4-2-3-1

    Рубен Аморим

    3-4-2-1