Нов удар за Оле и Јунајтед: Еден месец без најдобриот фудбалер оваа сезона

Екипата на Манчестер Јунајтед пред два дена одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона и со сигурни 3-1 го совлада тимот на Брајтон

Но, по дуелот со „галебите“ менаџерот на Јунајтед, Оле Гунер Солскјер остана без еден од најдобрите играчи во овој период. Младиот играч за врска Скот Мектоминеј игра во животна форма, уште од првиот натпревар оваа сезона е лидер во средината на теренот на „ѓаволите“, но на дуелот со Брајтон се здоби со незгодна повреда.

Дополнителните прегледи покажаа дека шкотскиот репрезентативец има истегнати лигаменти и најверојатно го чека пауза од четири седмици.

Оваа вест дефинитивно го загрижува Солсјкер, не само затоа што Мектоминеј игра во одлична форма, туку и заради тоа што тој е третиот фудбал од средината на теренот на кого нема да може да смета. Претходно, поради повреди надвор од стројот на Јунајтед се искусниот Немања Матиќ и првата ѕвезда на тимот Пол Погба.  

22-годишниот Шкотланѓанец пред извесен период доби награда за одличните партии во дресот на Јунајтед и беше избран за играч на месецот на клубот од „Олд Трафорд“.