Нов удар за Ливерпул: Џо Гомез шест месеци надвор од стројот на Клоп

Јирген Клоп никако не може глава да крене од повредени фудбалери од дефанзивната линија оваа сезона. Од самиот старт не можеше да смета на светскиот вицешампион Ловрен, по потоа следуваше повредата на левиот бек Робертсон, а сега надвор од неговиот строј ќе биде и англискиот дефанзивец, Џо Гомез.

Младиот одбранбен фудбалер по вчерашниот меч со Барнли се пожалил на силни болки на левата нога, и по деталните прегледи се обелодени дека станува збор за фрактура на ногата, повреда која од фудбалските терени ќе го оддалечи околу шест седмици. 

Гомез одлично ја искористи пружената шанса од страна на својот менаџер и ги започна сите натпревари на „црвените“ оваа сезона, а играше на две позиции – централен дефанзивец и десен бек.