• Саше Љолес
Бразилскиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, доживеа нова потешка повреда и ќе мора да отсуствува од терените најмалку шест недели, јавија англиските медиуми.
Ова е голем удар за тренерот Арне Слот, кој штотоку го доби на располагање чуварот на мрежата, но тој повторно ја обнови повредата и ќе може да се врати во тренажен процес на средината на ноември.
Алисон заработи повреда на мечот со Кристал Палас и мораше да биде заменет во 79. минута, а дополнителните прегледи покажале дека мора да мирува и неговиот „кам-бек“ се очекува на мечот против Саутемптон, кој ќе се одигра на 29 ноемвмри.
32-годишниот голман е член на „црвените“ од 2018 година, а сезонава досега настапи на осум натпревари.