• Горан Упале
По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на „Максимир“, „модрите“ на гости ја победија Ријека со 1-3 во реваншот и со тоа ја освоија седумнаесеттата титула во ова натпреварување.
Избраниците на Сергеј Јакировиќ славеа со прекрасните голови на Петр Сучиќ во 28. минута, Мартин Батурина во 42. минута и Марко Булат во 80. минута. Почесниот гол за Ријека го постигна Тони Фрук во 91. минута од слободен удар.
Така, Динамо го освои Купот по седумнаесетти пат од независноста на Хрватска. Хајдук осум пати беше победник, додека Ријека останува со шест трофеи. Динамо пред оваа прослава последен пат беше освојувач на Купот во 2021 година, а во последните шест сезони Динамо, Хајдук и Ријека рамноправно го поделија Купот, секоја екипа по два пати беше најдобра.
- Извештај од натпреварот:
Поранешните македонски репрезентативци Адеми и Ристовски беа стартери за Динамо и имаа голем удел во оваа победа.