• Саше Љолес
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Тиквеш од Кавадарци, го одигра четвртиот контролен натпревар во летните подготовки за новата сезона и славеше над косовскиот тим Малишева со конечни 3-2.
Кавадарчани имаа повеќе од играта и заслужено се радуваа на победата, а стрелци беа Стојанов, Спахиу и Михаилов. Тиквеш засилено работи на воигрување на екипата пред првиот историски настап во евро-куповите.
Тиквеш пред два дена извојува уште еден триумф во пријателскиот меч против косовскиот Балкани (2-0).
Кавадарчани по освојувањето на националниот Куп своето деби на меѓународна сцена ќе го имаат против Бреидаблик од Исланд,