Нов тренер, стари проблеми: Почетино со реми ја стартуваше ерата во ПСЖ (ВИДЕО)

Ниту тренерската промена не донесе ништо ново во редовите на францускиот шампион ПСЖ, откако вечерва Маурицио Почетино со реми ја стартуваше својата ера во Париз. Иако сите очекуваа лесна и сигурна победа, „светците“ повторно ги разочараа своите фанови и само со реми од 1-1 се враќаат од гостувањето кај Сент-Етјен. 

  • Сент-Етјен - ПСЖ 1-1:

Мора да се земе предвид дека аргентинскиот стратег за овој дуел не можеше да смета на голем број првотимци, меѓу кои и Нејмар, но присуството на терен на Мбапе, Ди Марија, Верати, Кин, Херера со право го правеа ПСЖ голем фаворит на овој дуел. Но, на крај шампионот мораше да се задоволи само со еден бод. Домаќините подобро го отворија натпреварот и преку Хамоума поведоа со 1-0. Но, во 22. минута младиот италијански напаѓач, Моизе Кин, на додавање на Верати ја затресе противничката мрежа и ги постави конечните 1-1.

И покрај ремито ПСЖ се искачи една позиција повисоко на табелата во Лига 1, затоа што Лил исто така разочара и загуби со 1-2 од тимот на Анжер

Фудбалерите на Лион, пак, продолжуваат со одличните игри и резултати во Лига 1, а вечерва лидерската позиција на табелата ја потврдија со уште една фантастична партија против Ленс (3-2). Момците на Руди Гарсија, иако без неколку стандардни првотимци, рутински впишаа нови три бода на своето конто, а најзаслужен за тоа беше првиот ас на тимот, Мемфис Депај, кој беше автор на два гола. Третиот гол за Лион го постигна Фортес, кој си даде несреќен автогол, додека за гостите погодија Сотока и Дукуре.