• Саше Љолес
Британските медиуми објавуваат дека откако пропаднаа преговорите со Стивен Џерард, управата на Глазгов Ренџерс се свртела кон легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
Поранешниот тренер на „ѓаволите“ би можел да го преземе шкотскиот клуб, иако за тоа уште нема официјални информации од ниту еден релевантен извор. Се шпекулира дека првите контакти се веќе направени и се чека одлуката на Солскјер, кој последно работеше како предводник на турскиот Бешикташ.
„Полицајците“ веќе две недели се без прв тренер, откако отказ доби Расел Мартин, кој бележеше очајни резултати на стартот од сезоната. Ова значи дека нашиот Бојан Миовски би можел да соработува со вистинска легенда на островскиот фудбал.
Глазгов Ренџерс во моментов е на осмата позиција на табелата, со само една победа, пет нерешени средби и еден пораз.




