Нова трансфер-сензација на повидок во ПЛ: Салах се враќа во Челзи?

Уредникот на германскиот „Спорт Билд“, Кристијан Фалк, тврди дека информациите дека менаџерот на Челзи, Томас Тухел има намера да го донесе Мохамед Салах на „Стемфорд Бриџ“ се точни.

Најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите офанзивци на денешницата, во 2014 година од Базел се пресели во Челзи, но тогашниот менаџер на „сините“, Жозе Мурињо не веруваше во неговите квалитети и не му ја даде вистинската шанса, па најпрво беше позајмен во Фиорентина, а потоа во Рома, каде во 2016 година потпиша договор. 

Но, по фантастичната сезона одиграна за „волчицата“ тој доби понуда која што не се одбиваше и се договори со Ливерпул.

Наводно, според уредникот на германски „Спорт Билд“, Томас Тухел веќе направил список на потенцијални засилувања и покај Салах во истиот ги има и имињата на Ромелу Лукаку и Ерлинг Халанд. Египќанецот неодамна рече дека сè уште не сака да зборува за својата иднина во Ливерпул и рече дека „ништо не зависи од него“.