Нов срам за Бразилците: Само еден фудбалер беше во авионот по елиминацијата од Норвешка

Елиминацијата на Бразил во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка предизвика вистински хаос во таборот на „кариоките“, а интересен детал по враќањето во татковината привлече големо внимание.

Имено, во авионот што од САД слета во Бразил се наоѓал само еден репрезентативец – Данило, еден од ретките фудбалер од националниот тим кој настапува во домашното првенство.

Десниот бек беше стандарден во составот на Карло Анчелоти, а по првиот натпревар на Мундијалот против Мароко, на сите останати одигра по 90 минути.

Останатите бразилски репрезентативци, кои настапуваат за европски клубови, веднаш по елиминацијата заминаа на различни дестинации. Винисиус Жуниор отпатува на одмор на Ибица, додека Нејмар, иако е член на бразилскиот Сантос, заминал во Орландо за да го посети своето семејство.

Во Бразил не се вратил ниту селекторот Карло Анчелоти, кој отпатувал во Ванкувер, Канада, каде што неговата сопруга поседува куќа.